Веганската сланина е нов вкусен и здрав тренд што мора да го пробате!

Најново креативно движење на веганската кујна

Ако сте новопечен веган или вегетаријанец, веруваме дека се’ уште ви недостасуваат некои јадења што сте ги јаделе претходно. За среќа, постојат креативни луѓе што осмислуваат нови рецепти, па во денешно време ништо нема да ви недостасува од не-вегетаријанската исхрана.

Трикот со кој нема ни да почувствувате дека не јадете месо е правилно да ги зачинитејадењата, односно да им додадете чаден вкус. На тој начин можете да добиете веганска сланина направена од зеленчук.

Една популарна опција за приготвување веганска сланина е морковот, кој иако е сладок, е одлична замена за сланината, пред се’, поради неговата текстура.

Откако течноста ќе излезе од морковот – станува крцкав исто како и сланината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jools (@joolsvstheworld)

Веганска сланина
Состојки:

3-4 свежи моркови, тенко исечени
1 лажичка јаворов сируп
1 лажичка течен чад
1 лажичка лук во прав
1 лажичка кромид во прав
½ лажиче пушени пиперки

Приготвување:

1. Измешајте ги сите состојки во голема чинија. Бидејќи рецептот е доста флексибилен, слободно можете да додадете повеќе или помалку малку зачини, во зависност од вкусот.

2. Исечете го морковот на половина и од внатрешноста лупете го со алатка за лупење за да добиете тенки парчиња што личат на сланина.

3. Маринирајте ги парчињата во сосот што претходно сте го приготвиле околу 30 минути, па наредете ги на хартија за печење.

4. Задолжително оддалечете го секое парче морков за да не се допираат. Ставете ги во загреана рерна околу 10 минути, извадете ги, почекајте да се стегнат и уживајте во вкусот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.