Фантастична пита од куркума без кори

За 6 лица!

За оваа вкусна пита не ви се потребни кори или тесто, туку само зеленчук и зачини. Лесно се прави, а уживањето вреди да се потрудите да ја приготвите.

Состојки:
3 средни тиквички, 3 моркови , 2 компири, 2 главици кромид, 4 чешниња лук, 1 китка магдонос,  1 лажиче сув рузмарин , 4 јајца, 4 белки, 3 лажици бело скробно брашно , 2 рамни лажички сол, 1 лажиче мелен црн пипер, 1 лажиче црвен бибер во зрно, 2 лажичиња куркума, 2 лажичиња маслиново масло.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени и добро подмачкајте ја тавата за печење. Целиот зеленчук изрендајте го на поголемо ренде, па помешајте ги во поголем сад. Додајте сечкан лук и магдонос, сите зачини и добро измешајте. Додајте ги целите јајца, скробното брашно, сол, бибер и масло и сè добро измешајте. Со миксер, изматете ги белките и нежно замешајте ги во претходната смеса. Истурете ја во подмачканиот плех и печете 40 минути во загреаната рерна, на 180 степени.

Добар апетит!

Fantastična KURKUMA PITA bez kora

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.