Моркови на скара со авокадо и нане: Освежителна комбинација на вкусови

Лесно и вкусно

Денес одлучивме да ви претставиме рецепт за лесна, вкусна вечера што ќе ја зготвите многу брзо, а ќе ја изедете уште побрзо.

Состојки (за 4 лица)

1 лажица куркума
3 лажици сок од лимон
2 лажици мед
1 шолја маслиново масло
1 лажица ѓумбир во прав
8 моркови со средна големина
2 авокадо
половина шолја свежо нане
сол

Приготвување:

1 Исечкајте го морковот со ноже за лупење и зачинете со куркума и сол.
2 Во сад, измешајте сок од лимон и мед, потоа додајте ѓумбир и сол.
3 Нанесете малку маслиново масло врз морковите и ставете ги во тава. Печете ги околу 20 минути во рерна.
4 Извадете ги од рерната и додека се топли, прелијте ги со мешавина од мед, ѓумбир и сок од лимон. Додајте свежо нане и послужете.

Добар апетит!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.