Тиквички на скара со нане: Крцкави и освежувачки!

Вкусен, здрав и вегански оброк

Тиквичките содржат голема количина калиум – околу 80% од препорачаната дневна доза на овој минерал.

Експертите велат дека калиумот може да биде од голема помош кога станува збор за контрола на крвниот притисок, бидејќи ги намалува штетните ефекти на солта во нашето тело.

Истражувањата покажуваат дека со зголемена консумација калиум може да се намали ризикот од мозочен удар, како и да се намалат шансите за развој на срцеви заболувања.

Исто така, тиквичките се богати со витамин Ц, кој го зајакнува имунитетот и не’ прави поздрави. Содржат многу малку калории, па затоа се идеални за луѓето што сакаат да ја регулираат телесната тежина.

Од друга страна, нането има корисен ефект врз органите за варење, а се покажа дека е ефикасно во третманот на настинки и грип. Оваа билка смирува, спречува иритации на кожата…

Сосема доволно причини да ги искомбинираме овие две намирници во вкусен, здрав и вегански оброк. Еве како!

Состојки:

3 тиквички со средна големина
1 праз (или 3 помали кромид)
3 лажици маслиново масло
1 чешне лук
2 лажици сок од лимон
1/4 шолја тахини
1/4 шолја листови нане
сол, бибер

Приготвување:

1 Загрејте ја тавата или скарата.
2 Исечкајте ги тиквичките на парчиња и измешајте ги со лажица масло и половина лажица сол.
3 Додајте сечкан праз (или кромид) и промешајте.
4 Оставете ја смесата да отстои околу 10 минути за да можат тиквичките да ја ослободат водата.
5 Во меѓувреме, ставете ги лукот, тахинито, сокот од лимон и 2 лажици нане во блендер и изблендирајте ги.
6 Додајте уште две лажици маслиново масло и бибер по вкус во смесата.
7 На тивко, кратко пропржете ги тиквичките и празот.
8 Префрлете го зеленчукот на чинија и истурете ја врз него смесата од тахини, лук и нане.
9 Украсете со неколку листови нане. Послужете додека е топло! Добар апетит!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.