Растителна магија: Печурки пржени на путер со зачински билки

Плус: совети од експерти

Повеќекратно се корисни за здравјето, имаат богат вкус, а доволна е мошне едноставна обработка за да блеснат! Затоа, послушајте ги следниве совети на експертите!

ИЗБИРАЈТЕ ПОЗДРАВО

Буковките се присутни на пазарите и во маркетите во текот на целата година, но во природата ќе ги најдете само во текот на есента. Кога се крцкаво испржени, може да бидат одлична и многу поздрава замена за сланинка во омлет и во салата.

ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ!

На нашиот пазар можете да најдете голем број печурки што се јадат (шампињони, буковки, шитаки, вргањ, лисичарки…), а секој вид има различен вкус. Бидете креативни во изборот и во комбинациите! Користете ги печурките како состојка во салатите, чорбите и во јадењата од зеленчук.

САМО ИСЧИСТЕТЕ ГИ

„Важно е пред приготвувањето, печурките да бидат суви“, советува шефот Аксел Таилкул.

„Доколку се влажни, нема да успеете да ги испржите – ќе бидат варени. Ако не се комплетно покриени со земја и прав, доволно е да ги исчистите со кујнска четкичка.“

Печурки пржени на путер со зачински билки

„Со загревање на висока температура, путерот почнува да создава пена, да потемнува и да добива јаткаст вкус, што ја облагородува аромата на печурките“, вели Аксел Таилкул, шеф во ресторанот „Де Брус“ во Ливингстон, Њујорк.

Неговиот рецепт: загрејте подлабока тава на висока температура, па растопете во неа две лажици несолен путер.

Загревајте го додека почне да добива кафена боја.

Додајте 200 г печурки без стебленца, исечени на покрупни парчиња, и пржете ги околу 4 минути со повремено мешање.

Намалете ја температурата и додајте лажица мелен кромид, како и лажица пасиран лук.

Продолжете да динстате додека лукот почне да пушта арома, околу 2 минути.

Тргнете ја тавата од огнот и додајте по лажиче сечкан власец, сечкан магдонос, сечкан свеж естрагон и сечкан свеж француски магдонос.

На крајот, додајте сол и црн пипер. Сервирајте врз тост-лепче или како прилог за главното јадење.

Искористете ги и стебленцата

„Иако најчесто се отстрануваат, стебленцата на печурките имаат богат вкус. Затоа, додавајте ги во чорби, сосови и во пасиран зеленчук. Кога се иситнети, стебленцата ги збогатуваат вкусот и текстурата на јадењата.“

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.