Оваа храна дава енергија и го зајакнува имунитетот, а задолжителна е во исхраната на Новак Ѓоковиќ

Како не го знаевме ова до сега?

Исхраната на Новак Ѓоковиќ ја дава потребната енергија и сила

Новак Ѓоковиќ и неговите феноменални резултати во тенисот често се објаснуваат не само со континуираните тренинзи, дисциплина и талент, туку и со вниманието што тенисерот го насочува кон своето здравје и балансирана исхрана.

Иако тенисерот повеќепати одбиваше да се декларира како вегетаријанец или веган, исхраната на Новак Ѓоковиќ меѓу другото се состои од многу намирници кои не содржат шеќер, месо или јајца, а кои ја даваат потребната енергија. Една од тие намирници е спирулината.

Спирулината е алга која го зајакнува имунитетот, го чисти организмот, ја подобрува крвната слика и благотворно делува на целото тело. Оваа мала, сино-зелена алга е еден од најстарите жители на нашата планета, а многу древни народи ја користеле за лекување и зајакнување на телото. Во некои делови од светот е позната како „зелена крв“ бидејќи има исклучителна способност да го прочисти телото од тешки метали, да ја зголеми енергијата и да ја подобри крвната слика.

Менито на Новак Ѓоковиќ се состои од бројни намирници кои се богати со витамини, а спирулината е позната како најдобар извор на бета каротен бидејќи има 10 пати повеќе бета каротен од морковот, а воедно е и целосен протеин, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални масни киселини. Една дневна доза спирулина во прав содржи повеќе железо од две порции спанаќ.

Како вистинска протеинска бомба, оваа алга е идеална за вегетаријанци и вегани бидејќи има повеќе протеини од месото. Нутриционистите особено им ја препорачуваат на спортистите, па не е ни чудо што во исхраната на Новак Ѓоковиќ е вклучена и спирулина, која, како што еднаш кажа и самиот тенисер, е важен елемент од неговата исхрана.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.