Ова овошје ги штити срцето и мозокот: Морате да го јадете неколку пати во неделата

Здрава храна

Храна што треба да почнете да ја јадете што побрзо.

Ова магично овошје е богато со витамини и минерали – витамин К, витамин Ц, витамини од групата Б (најмногу Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12), витамин Е, калиум, магнезиум, бакар, железо, цинк, фосфор, витамин А.

Авокадото не содржи холестерол и натриум, има само 160 калории, но содржи 15 грама здрави масти и 2 грама протеини. Исто така, содржи и високо ниво на каротеноиди кои му помагаат на телото да апсорбира повеќе хранливи материи.

Тоа е особено добар избор доколку имате проблеми со кардиоваскуларниот систем и високо ниво на холестерол во крвта. Авокадото добро влијае на крвните садови, а помага и во спречување на појава на многу срцеви заболувања. Високото ниво на фолна киселина може да го намали ризикот од мозочен удар, а исто така помага и за подобра меморија.

Бидејќи содржи значителни нивоа на каротеноид лутеин, тој во голема мера придонесува за здравјето на очите.

Можете да го комбинирате со други намирници, а исто така е одличен додаток за разни преливи, намази и салати.

Бидејќи е богат со здрави масти, ќе придонесе за процесот на слабеење. Авокадото дава чувство на ситост, а во исто време содржи малку калории.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.