Супа со тајна состојка: Навистина му годи на стомакот

Сега можеби си мислите: „Во ред е сето тоа, но која е тајната состојка што ја спомнуваш во насловот…“. Е па, нема долго да ве мачам, ги отворам картите.

Станува збор за ерусалимска артичока или чичока, што е друго име за овој кртолест зеленчук. Освен што има прекрасна арома (мене ме потсетува на мирисот на четинарите, а го опишуваат и како вкус на несозреан лешник), овој зеленчук е мошне богат со инулин, влакна што имаат силно пребиотско дејство – со други зборови, тие се заслужни што овој потаж навистина му годи на стомакот.

Сега нема да ги набројувам витамините и минералите со кои изобилува ова растение (до нив лесно ќе дојдете доколку пребарате на Интернет), но ќе истакнам уште две причини поради кои е добро да го имате во фрижидерот.

Прво, не мора веднаш да се употреби. Ако ми излезе нешто непредвидено или го сменам планот, ерусалимската артичока нема ништо против да го одложам готвењето – ме чека свежа во фрижидерот и по една недела. Второ, но не помалку важно – за една толку здрава намирница, доста е евтина. А од едно пакување од 500 г можам да приготвам супа за 4 лица, и тоа двапати.

Дали ве наговорив да ја пробате? За тие што ги наговорив, еве и рецепт!

Супа од ерусалимска артичока

Идеална комбинација кога немаме на располагање голем избор на свеж сезонски зеленчук.

Потребно (за 4 лица):

2 лажици маслиново масло

1 поголем праз

250 г ерусалимска артичока

250 г компири

¼ лажиче цимет

¼ лажиче мускатно оревче

¼ лажиче мајчина душица

¼ лажиче мелен црн пипер

1 лажиче сол

1 чешне лук

¼ лажиче ким

Приготвување:

  1. Исечкајте го празот ситно и издинстајте го во маслиново масло.
  2. Додајте ги ситно сечаканата ерусалимска артичока и компирот, како и сите зачини освен мајчината душица. На крајот додајте чешне лук (не мора да го сечкате).
  3. Налејте вода да го покрие зеленчукот и варете додека омекнат артичоката и компирот (приближно 15 минути, во зависност колку ситно ги исечкавте!).
  4. Испасирајте ја содржината со стапчест миксер директно во тенџерето или во блендер. (Топло го препорачувам првиот метод).
  5. Додајте уште вода (во зависност од посакуваната густина на супата), па варете уште десетина минути за да се соединат вкусовите.
  6. Сервирајте ја со брускети, кубети и со свежа или сува мајчина душица.

Подготвила: Јасмина Убипарип

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.