Вака се однесуваат луѓето што кријат депресија: 8 тајни знаци што ретко кој ги забележува

Обрнете внимание

Депресијата честопати поминува незабележано. Најопасно е тоа што човекот на прв поглед изгледа сосема нормално, а всушност, во него се случува хаос

Луѓето имаат навика да ги кријат своите најболни и најдлабоки рани од очите на јавноста. Но кога човек ќе остане сам, проблемите го преплавуваат. Еве како се однесуваат луѓето што кријат депресија…

1. Изгледаат премногу весело, постојано се шегуваат

Сетете се само на познатиот комичар и актер Робин Вилијамс. Зад насмевката криела огромна тага. Не може секој постојано да биде расположен. Ако никогаш не сте виделе ваша блиска личност во мрачно расположение, запрашајте се дали е добро.

2. Склони се да измислуваат приказни

Луѓето што страдаат од депресија веруваат дека другите нема да можат да ги разберат. Затоа смислуваат уверливи изговори, со цел да ги покријат своите постапки со приказна. Тие на сите можни начини се обидуваат да ја сокријат состојбата на својот дух, да изгледаат како обични луѓе без грижи и проблеми. Ако вашиот пријател никогаш нема доволно време да излезе со вас во град или да се дружите, запрашајте се што прави во четирите ѕида на својот дом.

3. Страдаат од отстапки во дневната рутина

Таквите луѓе понекогаш спијат премногу или премалку. Не јадат редовно. Сонот и исхраната се многу важни елементи на здравјето. Личноста што страда од депресија не може да се контролира. Мрачните мисли и промените во расположението владеат со неа и честопати не може да го доведе животот во ред.

4. Сериозни се во поглед на одредена храна

На пример, депресивната личност знае каде, кога и колку алкохол треба да испие. Нема опуштање. Таквиот човек нема да се напие за да не испливаат вистинските емоции на виделина.

5. Склони се на филозофирање

Таквите луѓе често размислуваат за смислата на животот, барајќи одговори на важни животни прашања. Овие мисли го вовлекуваат човекот како жив песок. Понекогаш тоа доведува до тешки последици.

6. Обично се многу талентирани и популарни во друштвото

Многу познати актери, музичари, уметници страдале од ментални болести. Креативноста е резултат на доживеаните емоции. Начин да се оддалечите од депресивниот свет на некое време.

7. Склони се да бараат смисла во сè

Секој треба да си постави цели. Се трудиме да постапуваме правилно. Депресивните луѓе уште повеќе се стремат кон тоа. Тие одат до крајност, барајќи го вистинскиот пат што ќе има смисла.

8. Понекогаш можат да покажат знаци

Дури и премногу мистериозните и силни луѓе понекогаш можат да попуштат и да ја покажат својата болка. Наивната шега може да звучи како крик за помош. Ако некој ви се отвори и ви раскаже за својот проблем, помогнете му.

Два вообичаени симптоми на депресија и анксиозност за кои ретко се дискутира
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.