Храна која разладува на високите температури: Овие намирници никој не ги очекуваше на листата

Храна

Важно е да бидете сигурни дека вашата исхрана не е само здрава, туку и помага да ја одржите температурата.

Лесен трик за разладување е всушност храна која воопшто не ја очекуваме на оваа листа:

Супа

Топлата чинија супа најдобро би ја сместиле како зимско јадење. Сепак, супата во текот на летните месеци ни помага да се изладиме. Топлата супа ве тера да се потите повеќе, но како што потта испарува, така го лади вашето тело.

Чили пиперки

Ова е уште еден одличен избор доколку сте љубители на овој вид на храна. Капсаицинот кој се наоѓа во храната испраќа сигнал до вашиот мозок дека вашето тело е прегреано. Слично како супата, ова предизвикува повеќе да се потите, што пак го лади вашето тело.

Спанаќ

Спанаќот содржи витамини и минерали кои го контролираат крвниот притисок и на тој начин ве разладуваат, што го прави одлична храна за топлото време.

Лубеница

Лубеницата има висока содржина на вода, а содржи и аминокиселина цитрулин, која ви помага да се опуштите и да ги проширите крвните садови. Ова за возврат овозможува крвта да циркулира подобро низ телото и да ве разлади.

Која храна треба да се избегнува за време на високи температури?

Сепак, треба да оставите одредена храна за друг период или барем да ја ограничите нивната употреба. Ова вклучува храна богата со јаглени хидрати, како што се ориз и цели зрна, како и храна богата со протеини, како што е месото. Храната богата со протеини може да биде тешка за варење, а бидејќи процесот на варење генерира топлина, може да направи да се чувствувате потопло. Наместо тоа, обидете се да се одлучите за вегетаријански јадења кои полесно ќе ги разгради и свари вашето тело.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.