Полна куќа луѓе! Снежана Ѓуришиќ никогаш поемотивна за своите внуци: „Едноставно морам да го направам тоа“ (фото)

На што друго може да ги научи...

Каква баба такви внуци…

Пејачката и член на жирито на Ѕвездите на Гранд, Снежана Ѓуришиќ пред неколку дена организираше прослава по повод полнолетството на својот внук Милош.

Снежана не крие дека е среќна што на прославата покрај пријателите и семејството се појавиле и бројни колеги од Ѕвездите на Гранд, бидејќи како што вели, тоа е прва прослава во нејзиниот дом по долго време.

„Мојот внук го прослави роденденот, одлично си поминавме, беше прекрасна забава. Покрај семејните пријатели, дојдоа многу колеги и им благодарам на сите од срце. Во куќата одамна немало некоја ваква голема прослава, па затоа за оваа забава мораше се да биде како што треба. Сите луѓе што беа таа вечер имаат угледно име и презиме. Се дружевме три генерации“, изјави Ѓуришиќ.

На роденденот своите гласовни способности ги покажа внуката нејзината внука Лана на која и се придружи и Ана Бекута.

По таквиот музички настап Снежана истакна дека сите внуци се музикални и дека ќе ги поддржи доколку еден ден решат да се занимаваат со музика.

„Сите се музикални, Лана сака да пее, а такви амбиции имаат и Теодора и Лука. Милош повеќе не се занимава со пеење, работи во студио, но повеќе како инструменталист“, рече пејачката и додаде дека ќе ја поддржи одлуката доколку некој од нејзините внуци се одлучи да тргне по нејзините стапки:

„Секако дека би ги поддржала доколку сакаат. Мојата работа е прекрасна, ако ја правиш на вистински начин, тоа е чисто задоволство“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.