Торта со бисквити и боровинки: Освежителна и кремаста, идеална за новогодишните и божиќните празници

Евтино, а кремасто задоволство...

Празници се ближат!

Скоро и да нема човек кој не ужива во вкусна и сочна торта, а периодот кој ни претстои се чини како да е создаден за вакви слатки задоволства. Искусните домаќинки тврдат дека ако еднаш ја подготвите оваа торта потoа постојано ќе ви биде на трпезата.

Речиси и да нема човек кој не ужива во секое залче од оваа фантастична мешавина на вкусови и ароми. Нема да потрошите многу пари и време, а притоа ќе подготвите слатко задоволство за празничните денови кои ни доаѓаат.

Ако ви звучи примамливо, засукајте ги ракавите!

За корите:
* 9 белки
* 12 лажици шеќер
* 3 лажици брашно
* 3 лажици мелени бисквити

За жолтиот фил:
* 9 жолчки
* 150 гр шеќер
* 1 ванилин шеќер
* 250 мл млеко
* 1 пудинг со вкус на ванила
* 200 гр путер
* 150 гр мелени бисквити

За филот со боровинки:
* 300 мл слатка павлака
* 200 гр павлака
* 50 гр шеќер во прав
* 150 гр боровинки
* 4 лажици кристален шеќер
* 10 гр желатин

За декорација:
* 300 мл слатка павлака
* 50 гр боровинки

Подготовка:
За да подготвите една кора, изматете 3 белки, постепено додадете 4 лажици шеќер. Во друг сад измешајте една лажица брашно со лажица мелен бисквит, па додадете ги состојките кај изматените белки, но мешајте со жица додека смесата се соедини.

Со хартија за печење се обложува калап со пречник од 22 см и во него се истура смесата за кора. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути. На ист начин се подготвуваат и останатите кори.

За да го подготвите жолтиот фил, жолчките се матат на пареа со шеќер, можете дадодадете и ванилин-шеќер или арома по вкус. На страна сварете го пудингот од ванила, изладете го и додадете го во кремот со жолчка. Откако кремот ќе се излади, додадете изматен путер и промешајте.. На крајот додадете го мелениот бисквит.

За филот со боровинки се блендира овошјето, се додава шеќерот и кратко се готви, да се растопи шеќерот. Оставете ја смесата да се излади. Соединете ја киселата павлаката со шеќерот во прав, па додадете го шлагот од слатката павлака и измешајте. Постепено сипете ја изладената каша од боровинки, матејќи цело време со миксер. Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри. Потоа измешајте го во остатокот од филот.

Првата кора се враќа во калапот, се покрива со половина од филот со бисквити, потоа се нанесува половина од филот со боровинки и се покрива со втората кора. Повторете ја истата постапка додека имате кори и фил.

Откако колачот ќе се излади и стегне, намачкајте го со шлаг и посипете со боровинки.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.