Највкусната кремпита: Му успева секому и тоа поради еден важен трик!

Колач што најлесно се приготвува

Дури и да не сте вешти во кујната, нема шанси да не ви успее овој колач

Овој колач изгледа фантастично, а се приготвува лесно и со неколку состојки. Кремпитата е десерт што не се одбива.

Состојки:

За корите:

  • 11 жолчки
  • 11 лажици шеќер
  • 11 лажици масло
  • 11 лажици млеко
  • 11 лажици брашно
  • малку прашок за печиво
  • кора од лимон

За шербетот:

  • 22 лажици шеќер
  • 11 лажици вода
  • резанка лимон

За кремот:

  • 11 белки
  • 11 лажици шеќер
Приготвување:

На почетокот, измерете ги состојките за шербетот и ставете ги на тивок оган да се готват. Потоа, одвојте ги белките од жолчките. Изматете жолчки и шеќер, додајте масло, па млеко и на крајот, додајте брашно измешано со прашок за печиво и кора од лимон.

Префрлете ја смесата во намрсена тепсија и печете ја десетина минути на 200 степени (повеќе или помалку, во зависност од рерната). Додајте лимон во шербетот.

Потоа, пригответе го кремот на следниов начин: матете ги белките, прво со најмалата брзина на миксерот две минути, потоа со поголема брзина, а притоа додавајте по лажица шеќер и матете. На крајот, зголемете на најголемата брзина.

Во изматените белки додајте шербет и добро изматете со миксер. Мора навистина добро да ги изматите белките, матете ги постојано додека се печат корите, а особено добро изматете ги откако ќе го додадете шербетот.

Преку корите сипете крем, израмнете и вратете ги во рерна 4-5 минути, за да се формира коричка. Оставете ги да се оладат на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер.

Напомена: Од наведената количина на намирници излегува навистина голем колач (димензиите на тепсијата за печење на корите треба да бидат 40-30 см). Ако сакате помал колач, намалете ја количината на намирниците.

Кремпита со јагоди: Најкремастиот десерт што сте го пробале
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.