Можело и без месо: Вака изгледа совршениот ручек на Јелена и Тара Ѓоковиќ (ФОТО)
Здраво, вкусно и интересно
Како изгледа совршениот ручек на Јелена Ѓоковиќ и нејзината ќеркичка Тара? Изгледа така што ќе се вљубите во јадењата на нивното мени штом ќе ги видите на масата, па дури и да не сте вегетаријанец.
Имено, инстаграм-профилот на сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изобилува со кулинарски совети кои се во согласност со современиот начин на живот и исхрана: здравје, квалитет, вкус, нутритивни вредности.
View this post on Instagram
За почеток, ни претставува тартар, но не од месо, туку од авокадо и киноа. Одлично се согласува со багел-сендвич, чија главна состојка е чадено тофу-сирење.
View this post on Instagram
Главно јадење може да биде вегетаријанско бурито со интересен сос, вистиско царство на вкусови: аспарагус, црвен грав, ајсберг-салата, морков, домат, сладок виолетов кромид, спанаќ, сезонски зеленчук, плус мини-деликатес: вегански мајонез, кој е „hot shot“ во менито, а Јелена вели дека нутриционистите им го препорачуваат и на најмладите.
View this post on Instagram
На крајот на здравиот оброк, таа предлага едно освежување – Blue Moon. Овошен шејк во неодолива сина боја со додаток на спирулина, совршен за малата Тара.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм