ТЕСТ: Што зборува вашиот изглед за вашето здравје?

Меѓу вашиот изглед и здравствената состојба постои нераскинлива врска. Експертите велат дека одредени трансформации во надворешниот изглед може да укажуваат на некои подлабоки промени во организмот.

Затоа, ставете го вашето здравје на брз тест!

Кожа

ТЕСТ: измијте се наутро и избегнете употреба на препаратите за нега по востановениот редослед. Еден час подоцна притиснете парче чисто хартиено марамче на делот меѓу веѓите и проверете дали постојат мрсни траги на него.

Во Т-зоната на лицето е најголема концентрацијата на лојните жлезди. Истата постапка повторете ја еден час пред да си легнете. Ако повторно забележите мрсни траги на марамчето, можеби не станува збор само за мрсен тип кожа.

РЕЗУЛТАТИ: забрзаното лачење себум може да биде последица на хормонална нерамнотежа во организмот.

Доколку и менструалниот циклус не ви е редовен или ви се појавила влакнавост на неочекувани делови на телото (над горната усна и на брадата), задолжително проверете го хормоналниот статус.

РЕШЕНИЕ: во зависност од резултатите на хормонската анализа, лекарот ќе ви одреди соодветна хормонска терапија. Покрај тоа, последиците од прекумерното замастување на кожата можете да ги ублажите со употреба на матирачки хидратантен крем.

Наш предлог: хидратантна нега Effaclar Mat, која го регулира лачењето себум, La Roche-Posay.

Делот под очите

ТЕСТ: отспијте барем осум часа – за време на викендот, на пример. Ако во понеделник наутро повторно имате темни кругови околу очите, неопходно е да направите ревизија на исхраната.

РЕЗУЛТАТИ: темните подочници може да укажуваат на анемија, а отеченоста на капаците укажува на задржување течности во ткивата, најверојатно поради прекумерно консумирање сол. Кога се јадат многу солени намирници, а не се пие доволно вода, тогаш течноста се задржува во телото – најмногу во пределот под очите.

РЕШЕНИЕ: доколку ве мачат темните подочници, направете анализа на крвта (комплетна крвна слика) и проверете дали анемијата е можна причина за овој проблем. Доколку навистина се потврди недостиг од железо, лекарот ќе ви пропише соодветна терапија.

Генерално би требало да го зголемите консумирањето намирници богати со минерали, како брокули, прокељ и зелен листен зеленчук. Што се однесува до отеченоста под очите, најдобро е физички да се активирате.

Шетајте со брз чекор, прескокнувајте јаже – тоа ќе го стимулира лимфниот систем да го елиминира вишокот течности од организмот.

Додека ги постигнете овие резултати на природен начин – со коригирање на исхраната и со практикување физички активности – камуфлирајте ги темните подочници со коректор.

Наш предлог: течен коректор Aura Correct Me!

Непца

ТЕСТ: насмевнете се широко гледајќи се во огледало и проверете го изгледот на непцата. Ако се здрави, тогаш нивната боја се движи во распон на розови нијанси. Темноцрвена или модра нијанса во коренот на забите може да укажува на воспалителен процес.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.