Нашиот избор за денешниот ручек: Лингвини со авокадо, домати и лимета

Една порција содржи околу 450 kcal

Лингвините се вид на италијански тестенини во форма на долги тестенини, малку пошироки од шпагети. Самото име „лингвини“ значи „мали јазици“. Традиционално, лингвините се служат со сосови како што се песто или сос од домати, а може да се сервираат и со риба.

Се разбира, лингвините може да се сервираат и во веганска верзија, а ние ви донесуваме токму таков рецепт!

Време на приготвување: 20 минути
Време за готвење: околу 10 минути

Состојки

115 г лингвини
1 лимета или лимон
1 авокадо
2 поголеми домати
шолја коријандер
1 црвен кромид
1 чили пиперка
маслиново масло
сол, бибер

Приготвување:

1 Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.

2 Во меѓувреме, исцедете го лимонот и додајте сечкано авокадо, домати, коријандер, кромид и чили-пиперка. Промешајте добро.

3 Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус и промешајте повторно.

4 Кога тестенините ќе се сварат, процедете ги и прелијте ги малку со маслиново масло.

5 Промешајте и додадете ја смесата од авокадо и домати.

6 Послужете додека се топли. Добар апетит!

Текст: Н. Човиновска

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.