Компир-салата со сенф и рукола

Вистински освежителен оброк, идеален за вечера!

Иако е познат како зеленчук што дебелее, компирот, всушност, доколку се приготви на здрав начин, може да има многубројни придобивки за нашето тело.

Состојки:

За 4 лица (1 порција содржи 170 kcal)

1,5 кг млади компири
2 сечкани краставици
1/4 шолја сок од лимон
4 лажици сенф
2 шолји рукола
2 лажици сечкани свежи зачини
2 лажици свежо сечкан млад кромид
маслиново масло

Приготвување:

1 Измијте ги компирите, излупете ги и ставете ги во тенџере да се сварат. Кога ќе зовријат, додајте сол и намалете ја температурата. Оставете да се варат околу 20 минути.
2 Исплакнете ги и оставете ги настрана да се изладат.
3 Во сад измешајте ги исечканите краставици со лимонот и оставете да се маринираат. По 15 минути, отстранете ги краставиците и измешајте ги со компирите.
4 Додајте сенф во сокот од лимон што остана од краставиците и измешајте со него.
5 Додајте ги кромитчето, копра и крес во компирот и прелијте ја со смесата од сок од лимон и сенф и добро измешајте.
6 Додајте маслиново масло по вкус.
7 Послужете ладно! Пријатно!

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.