Вегански брауни: Сочни, меки, неодоливи!

Идеално лесен десерт што ќе го обожавате

Чоколадните брауни или едностано брауни се коцкести чоколадни колачи кои можат да бидат покрцкави или помеки. Покрај брашното и чоколадото, во смесата може да се додадат ореви, крем сирење, овошје, јајца, млеко, во зависност од тоа која варијанта е направена.

Брауни стана популарен во Соединетите Американски Држави во текот на 19 век, а наскоро, рецептот за овој десерт се прошири низ целиот свет.

Најчесто се јадат со рака, и се служат со млеко, сладолед или попрскани со шлаг или шеќер во прав.

Денес, има многу варијации на темата, и ви претставуваме вкусна и сочна веганска варијанта.

Состојки:

140 г брашно

20 г какао во прав

200 г шеќер

80 мл растително масло

1 лажица екстракт од ванила

200 г темно чоколадо

240 мл бадемово млеко

75 г чоколадни трошки

Приготвување:

1 Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартија за печење во плехот за печење.
2 Во сад измешајте брашно, шеќер и какао во прав.
3 Додајте масло, екстракт од ванила, бадемово млеко и растопено чоколадо. Мешајте додека смесата се соедини.
4 Додајте ги чоколадните трошки и повторно промешајте.
5 Истурете ја смесата во тава и печете 25 до 30 минути, додека се формира крцкава кора.
6 Послужете со топка вегетански сладолед. Добар апетит!

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.