Сирење не се меша со јајца, сланина и месо – Млекото во комбинација со овие намирници е смртоносно!

Мора да внимавате!

Намирниците кои се многу популарни на нашите простори и кои често се задолжителни во исхраната, можат да предизвикаат проблеми. Имено, млекото и месото никако не треба да се комбинираат.

Древниот римски лекар Целсус, кој живеел во првиот век пред новата ера, ги советувал своите пациенти да внимаваат на комбинирањето на различни видови храна.

Американскиот нутриционист Херберт Шелтон спровел истражување кои видови намирници најдобро „функционираат во пар“, како и кои се многу лоши комбинации, а поединечно се многу корисни – како што е случајот со доматот и краставицата. Тој направил систем на комбинирање на намирници кој е наречен „Шелтонов пристап“.

Нутриционистот утврдил дека постои намирница која најдобро е да се консумира самостојно, а тоа е млекото. Млекото содржи протеини и масти, што значи дека претставува лоша комбинација со било која друга храна, освен со кисело овошје. Млекото, влегувајќи во киселата средина на желудникот, се згрутчува и ако покрај него постои уште некоја храна, веднаш ја обвиткува, спречувајќи пристап на желудочниот сок.

Односно, додека млекото не се свари, тоа значи дека варењето на било кој друг производ не може да започне.

Особено е опасно да се консумира млеко после месо, а постојат неколку причини за тоа. Нутриционистката Људмила Денисенко наведува дека најлошо е тоа што калциумот во полномасното млеко ја спречува апсорпцијата на железото од месото.

Американска група научници, по низа студии заклучила дека ако истовремено јадете храна која содржи висок процент на животински протеини (на пр. месо и сирење, месо и млеко), ризикот од болести на гастроинтестиналниот тракт се зголемува за 74 отсто, а ваквата комбинација исто така го зголемува и ризикот од развој на дијабетес.

На пример, сирењето содржи многу фосфор, а месото цинк. Ако овие минерали влезат во стомакот истовремено, фосфорот ќе ја попречи целосната апсорпција на цинкот. Исто така, американските научници не препорачуваат консумирање на путер, павлака и јогурт со месо.

Млеко после месо, омлет со сланина, месо и сирење – ова се комбинации кои научниците ги споредуваат со штетата која ја предизвикуваат цигарите врз организмот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.