Зоран Кардула ќе го дизајнира првиот македонски Swatch часовник

Зоран Кардула и креативниот тим на Божиновски го „зачнаа“ ова мало македонско / швајцарско ремек дело.

На осми септември, на 30 годишнината од македонската независност ќе биде претставен првиот локализиран дизајн на Swatch часовник. Уникатен а препознатлив дизајн, дизајниран од страна на познатиот македонски дизајнер и уметник Зоран Кардула, а изработен од Swatch кој храбро ја поддржа целата наша приказна.

„Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.

На овој начин сакавме да направиме една заокружена приказна и да ви ја доловиме вложената енергија во креацијата на часовникот . По избор на уметникот со истата енергија средствата да бидат донирани онаму каде се најпотребни, како симболичен гест за одбележување на денот на независноста ” велат од Божиновски.

После објавувањето на првиот локализиран дизајн на Swatch во периодот кој следи ќе се објавуваат нови серии на локално дизајнирани часовници од македонски творци и уметници, на тој начин „Божиновски часовници и накит“  сака силно да ја поддржи креативната заедница во земјава, во знак на благодарност што изминатите 30 години, неуморни и непоколебливи, преку нивните дела му даваа боја и надеж на нашето секојдневие.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.