За убав почеток на денот: Освежувачко смуди со кокос и лимон

Рецепт на денот!

ФОТО: @rainbowdelicios

Започнете го денот со ова вкусно смуди

Со оглед на тоа што деновиве времето е врнежливо и сиво, можеби ќе сакате да привлечете тропски вибрации во вашиот живот. А ако не можете да отпатувате некаде, направете го тоа со тропско смуди од кокос и лимон.

Состојки:
  • 2 децилитри кокосово млеко
  • 1,5 лажици кокос во прав
  • 100 милилитри кисела павлака
  • 1,5 лажица свежо цеден лимонов сок
  • лажичка мед
Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.

Ако не сакате премногу киселкасти вкусови, додајте само половина лажица лимонов сок. На тој начин, смудито ќе биде освежувачко, но не и кисело.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.