Вкусно предјадење: Крем-чорба од домати

Брзо, лесно и вкусно! Не верувате? Пробајте ја!

ПОТРЕБНО Е: 750 г јунешки стек, 250 г шампињони, 2 главици кромид, 40 г путер, 120 мл павлака за готвење

 ПРИГОТВУВАЊЕ: месото исечете го на ленти, шампињоните поделете ги на четвртинки, а кромидот ситно исечкајте го.

Во тава, на мешавина од путер и масло, 3-4 минути пржете го месото, претходно посолено и зачинето со црн пипер.

Извадете го готовото месо и ставете го на топло, а во мрснотијата од пржењето додајте го кромидот, посолете, додајте шеќер и пржете додека омекне.

Потоа, испасирајте го кромидот да добиете мазна смеса, па во неа додајте ги шампињоните и пржете ги уште 3 мин.

Потоа, во смесата додајте ги месото, сечканиот магдонос и павлаката за готвење, промешајте и почекајте состојките да се загреат. Тогаш јадењето е готово и подготвено за сервирање.

Текст: Добра храна

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.