3 ТЕСТOВИ: Дознајте дали сте совршен спој!

Иако велат дека љубовта не може да се мери, успехот на една врска сепак може да се измери. Додека се излежувате со партнерот на плажа, заедно решете го нашиот тест и проверете колку сте компатибилни

Покрај високиот процент разводи, повеќето луѓе веруваат дека спаѓаат во онаа среќна категорија двојки што остануваат заедно додека смртта не ги раздели. Но за среќа е потребно нешто повеќе од позитивно убедување. Ако не знаете во кои области на врската/животот сте компатибилни како двојка, ризикот да станете уште една бројка во статистиката се зголемува.

Кога станува збор за шансите на врската, важи едно едноставно правило: колку сте послични со партнерот, толку се поголеми шансите за успех на врската. Ова правило се однесува дури и на основните физички карактеристики – од должината на прстите до комплексните општествени и културолошки сличности.

Многу е важно да дознаете дали се разликуваат вашите погледи на светот, размислувања и реакции и што побргу да почнете да разговарате со партнерот, бидејќи комуникацијата е основно средство за решавање на сите проблеми. Значи, направете го нашиот тест и утврдете дали сте навистина совршен спој!

Фото: Getty Images

Начин на бодување

Во секој од тестoвите собирајте ги само исто дадените одговори. На пример: ако бројот на идентичните одговори е од 4 до 5, тогаш вашиот резултат е 4/5. Соберете ги резултатите од тестовите во кои бевте компатибилни, или некомпатибилни, за да го дознаете конечниот резултат.

Генерална проценка на компатибилноста

3 Укажува дека постои несогласување околу некои главни животни прашања, па затоа под итно мора да разговарате за нив.

4-6 Постојат неколку работи што би можеле да предизвикаат судири доколку не се обидете да ги решите со разговор.

6 Совршен резултат – го пронајдовте идеалниот партнер!

Тест 1: Сложност

ДАЛИ СТЕ ПСИХОЛОШКИ КОМПАТИБИЛНИ? 

1 Запознавте премногу зборлеста личност на некоја забава и помисливте…

а. … дека е некултурна.

б. … дека е малку нервозна.

2 Колегата мора да земе слободни денови. Вие сте…

а. … загрижени.

б. … изнервирани.

3 Кога ќе ви се јави пријателката по караница со нејзиниот партнер, вие мислите дека…

а. … се смириле.

б. … почнале нова караница.

4 Ако некој погрешно изговори некој збор, вие…

а. … ќе го коригирате.

б. … не се занимавате со тоа.

5 Ако некој ви го пресече патот во сообраќајот, вие…

а. … ќе му свирнете.

б. … ќе ја игнорирате грешката.

Резултати: Без разлика дали и двајцата сте опуштени или критички настроени личности, барем добро се разбирате меѓу себе. Доколку не се согласувате во оваа област, тоа прифатете го како можност да учите. Ако сте тврдоглави, попопустливиот партнер може да ве научи да бидете посмирена и посочувствителена личност. Од друга страна, ако сте личност што се труди да ги усреќи сите околу себе, поегоистичниот партнер може да ве научи кога и како да се заземете за своите ставови.

Фото: Getty Images

Тест 2: Семејна атмосфера

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАЧИНИТЕ НА КОИ ИЗРАЗНАВТЕ! 

Во вашето семејство игрите се…

а. … играле во кругот на семејството.

б. … секогаш биле наменети само за децата.

Вашите родители…

а. … често се гушкале и се бакнувале.

б. … ретко разменувале љубов и нежност.

Во текот на детството во вашиот дом…

а. … често имало многу гости.

б. … ретко ви доаѓале гости.

Семејните оброци биле сервирани…

а. … на трпезариска маса.

б. … пред ТВ.

в. Ретко, или никогаш не сте јаделе заедно.

Кога вашите родители пиеле алкохол, тоа…

а. … никогаш не го правеле пред децата.

б. … не го криеле од децата.

Резултати: Слични резултати можат да значат добар спој, но и дека делите лоши навики. Од друга страна, ако не постои компатибилност во оваа област, анализирајте на кој начин вашето детство влијае на вашето однесување кон партнерот. Тоа ќе ви помогне да ги воочите и да ги намалите разликите меѓу вас.

Тест 3: Енергија

ДАЛИ СТЕ ФИЗИЧКИ КОМПАТИБИЛНИ?

Како се дебелеете?

а. Можам да јадам што сакам, а да не се здебелам.

б. Ако се хранам правилно, не се здебелувам.

в. Брзо се дебелеам.

Како се чувствувате наутро?

а. Секогаш полна со енергија.

б. Забавено, но брзо се расонувам.

в. Летаргично.

Колку долго можете да го одржите вниманието?

а. Кратко.

б. Просечно добро.

в. Долго.

Што најдобро го опишува вашиот режим на исхрана?

а. Малку јаглени хидрати/маснотии, а многу растителни влакна.

б. Месо и компир.

в. Брза храна и готови јадења.

Како влијае кофеинот на вас?

а. Една шолја кафе брзо ми ја враќа силата.

б. Една шолја кафе делумно ме буди.

в. Потребни ми се неколку шолји кафе за да почнам да функционирам.

Резултати: Иако разликата во нивоата енергија може да претставува проблем – вие сакате подолго да спиете, додека тој се буди рано – тоа може да се реши со прифаќање на фактот дека понекогаш е добро работите да се прават одделно. Ако партнерот ве остави на плажа за да оди во теретана или на кошарка, тоа не е реакција на вашето однесување, ниту одраз на нетрпеливост спрема вас, туку показател на вашите различни метаболички енергии. Ниското енергетско ниво и летаргичноста понекогаш може да бидат и последица на одреден начин на исхрана или земање одредени лекови, па најдобро е за тоа да поразговарате со лекар.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.