Весна Змијанац ги излечи стомачните проблеми и го подобри имунитетот со оваа чорба: Клучна е една евтина намирница (ФОТО)

Рецепт на фолк-пејачката за чорба што го подобрува имунитетот.

Пејачката Весна Змијанац со години боледува од разни болести. Таа неодамна имаше операција на срцето, но помалку е познато дека имала и други здравствени проблеми.

Дивата на народната музика имаше дигестивни проблеми, чест пад на имунитетот, хормонални нарушувања, па дури и проблеми со тироидната жлезда која не ѝ функционираше добро. За да си го подобри здравјето, почна да се храни поздраво, а ние ви го пренесуваме рецептот чорбата што ѝ помогна во тоа.

Имено, Весна одлучила да го преземе стариот рецепт од баба си и за неколку месеци ги решила сите проблеми. Почнала да прави чорба од тиква и да ја јаде секој ден, а набрзо ги увидела придобивките од оваа здрава и евтина намирница.

Весна ѝ додала неколку здрави состојки, во зависност од тоа што имала при рака, но клучниот рецепт за крем-чорбата од тиква ѝ го спаси животот.

Фолкерката за неколку месеци ги решила проблемите со дигестивниот тракт и другите стомачни проблеми, почнала да слабее, резултатите од крвта ѝ станувале се’ подобри и подобри, а настинките се’ поретки. Сега им ја подготвува истата чорба за ќерка си и внуките, за и тие да бидат здрави како дренка.

Тиквата е клучната состојка на оваа чорба, но во неа може да се додадат и други, намирници како компири, моркови, целер, магдонос, кромид и лук…

Фото: Pexels

Приготвување:

Измијте ја тиквата, излупете ја и исечете ја на поголеми коцки. Ставете ги во тенџере и додајте вода за да го потопите зеленчукот. Заедно со тиквата можете да додадете зеленчук по ваш избор, но во многу помали количини од тиквата. По околу половина час, исклучете го шпоретот и со миксер изблендирајте го зеленчукот. Зачинете го со сол и бибер, додајте малку маслиново масло и посипете со листови магдонос.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.