Пригответе домашен маргарин за миг: Повкусен е од купечкиот, а лесно се прави од неколку состојки што сигурно ги имате дома

Направете сами!

Ви откриваме едноставен рецепт за домашен маргарин што ќе го обожавате

Маргаринот е производ кој се додава во сè и кој секое јадење го прави повкусно. Меѓутоа, можете да го приготвите и сами на многу едноставен начин.

Состојки:
  • 1/2 шолја млеко или вода
  • 1 шолја масло (сончогледово или мешавина од маслиново и сончогледово масло) или 1/2 шолја сончогледово масло и 1/2 шолја кокосово масло
  • 1 жолчка
  • 1 лажиче лимонов сок
  • 1/2 лажиче сол
Приготвување:

Ќе ви требаат миксер, две чинии (со различна големина за да може да ги собере една во друга) и мраз. Во поголемата чинија здробете мраз и додајте малку вода за да се одржува температура од околу 0 степени Целзиусови. Во помалиот сад, потопен во поголемиот со мраз, додајте ги состојките на следниов начин:

Загрејте вода и масло на околу 40 степени. Во помалиот сад сипете го маслото во кое претходно сте додале жолчка и матете со миксер со најголемата брзина. По малку додавајте млеко или вода и матете уште околу две минути додека се поврзат маслото и водата. Додајте лимонов сок и сол, па внимателно матете додека се згусне маргаринот. По желба, на крајот можете да додадете и некој зачин по желба.

Префрлете го маргаринот во сад и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го искористите во рок од два-три дена.

Направете сами безглутенско брашно
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.