Кои фризури се најдобри за жени над 40 години: Фризерите споделуваат 2 клучни совети, а еве и што треба да се одбегнува!

Дознајте!

Фризерка и експертка за коса открива кои се најдобрите фризури за жени повозрасни од 40 години

Знаеме дека годините не се важни, туку чувството што го носиме во себе. Не веруваме дека постојат строги модни или правила за убавина за жени на одредена возраст, туку веруваме дека секоја треба да ја следи својата природа, енергија и карактер.

За каква промена и да се одлучите, не треба да бегате од тоа што сте, туку да го подобрите вашиот изглед и да бидете задоволни од одразот во огледалото.

Покрај кожата, и косата многу влијае врз тоа дали изгледате свежо, модерно и младолико. Фризерката и експертка за бои за коса, Јулија Крац, открива 2 клучни совети за жени повозрасни од 40 години.

Пократкото е послатко

За жал, како што старееме така косата ни станува поретка. Затоа, Јулија Крац не советува долга коса. Во зависност од текстурата, косата може да ви изгледа нездраво и безживотно, поради што може да изгледате постаро. Тоа се однесува и на екстремно степенестите фризури, кои исто така ја проретчуваат косата, па затоа не се препорачливи.

Особена кај седата коса, должината е непожелна:

„Структурата на седата коса е многу немирна, влакната штрчат како мали антени од главата“, објаснува професионалната фризерка.

Подобра е кратката, кул фризура. Кратката коса изгледа погусто, па затоа и поздраво. Тоа ќе ве направи помладолики. Дури и првите седи влакна изгледаат подобро на кратка фризура.

Одберете посветли нијанси

Тука важи следново: колку е потемна бојата, толку постаро изгледате. Тоа е така затоа што контрастот со кожата се засилува, а брчките стануваат поизразени. Уште еден недостаток: по само неколку недели, повторно ќе може да се види долниот дел од косата со природна боја, поради што постојано ќе морате одново да се бојосувате.

Затоа, Јулија Крац препорачува да не ја бојосувате косата потемна од средно кафена боја. За крај, експертката има совет за сите што сакаат самоуверено да ја носат својата седа коса:

„Ултравиолетовите зраци или никотинот можат да предизвикаат белата коса да добие непожелна жолта нијанса. Што помага против тоа? Сјајот!“

Позната фризерка открива која фризура е идеална за жени во 50-тите: Ги брише годините и го враќа младешкиот сјај
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.