Тортилји од 4 состојки: Меко тесто готово за неколку минути!

Пробајте

Препознатливиот дел од мексиканската кујна, тортилјите, во основа се многу едноставна храна, брза и лесна за приготвување со речиси неограничени можности

За нивно приготвување ќе ви требаат само 4 состојки: пченично или пченкарно брашно, сол, масло и вода, што ги прави и многу евтина храна кога ги приготвувате во домашни услови.

За приготвување 12 тортилји:

Во сад за мешање просејте 450 меко брашно и 1 лажиче сол, а потоа во брашното додајте 85 г растително масло, така што ќе добиете смеса слична на лебни трошки.

Постепено додавајте 225 мл врела вода за да добиете меко, еластично тесто. Месете ја смесата на добро набрашнета работна површина додека добиете мазно тесто што не лепи, па покријте го со влажна салвета. Потоа, поделете го на одреден број топчиња со големина на јајце и расучете ги топчињата во многу тенок, правилен круг.

Редете ги тортилјите една врз друга, секоја посипете ја со брашно за да не се залепат и покријте ги со чиста салвета. Печете ги тортилјите на силен оган во тавче со дебело дно. Печете ги по околу 10 секунди од секоја страна. Немојте да ги препечете, бидејќи нема да бидат еластични.

Редете ги една врз друга и чувајте ги покриени додека ги испечете сите тортилји. Доколку сакате да направите повеќе тортилји, само пропорционално зголемете ја количината на состојки во рецептот. Тортилјите се основа за приготвување бурита, такоси и бројни други јадења, па одлично одат со широк дијапазон на состојки, во зависност од тоа што сакате најмногу.

Па така, можете да ги полните со пилешко во комбинација со грашок, пченка, пиперка и домати. И меленото говедско месо со домати е одлична комбинација, а за автентичен вкус, додајте чили-сос.

Тортилјите се идеални за вегетаријанци, бидејќи вкусни се со сите комбинации на зеленчук, особено ако се комбинираат со рендано сирење и кисела павлака. Ако сакате малку поинаков сендвич, слободно заменете го вообичаениот леб со тортилји, кои можете да ги полните и со пржени јајца со шунка или пак со популарната комбинација на туна и мајонез.

За особена крцкавост во тортилја-сендвичот, додајте зелена салата или сечкана пиперка. Тортилјите не се резервирани само за солени вкусови, со оглед на тоа што многу добро функционираат и во слатки комбинации. Па така, можете да ги полните со сечкани јаболка со цимет, со додаток шлаг за десертот да добие нова димензија.

Здрав и брз ручек: вегански тортилја-сендвич
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.