„Сакам да се разведам, се вљубив во друга жена“: Еве како еден свештеник го посоветувал овој човек!

Обрнете внимание

Еден маж сакал да остави сè поради друга жена, а потоа побарал совет од свештеник…

Повеќето луѓе, дури околу 90%, кога ќе се венчаат знаат дека тоа е вечно. Подготвени се да направат сè за своето семејство. Ништо не им претставува проблем и се трудат околу сè.

Меѓутоа, постојат и оние 10% кои исто така се венчани, но по некое време сфаќаат дека се вљубени во друга личност. Откако ќе се вљубат, не го гледаат ниту семејството ниту децата. Подготвени се да остават сè за да ја остварат својата цел.

Еве како еден свештеник го посоветувал човекот кој сакал да го напушти семејството поради друга жена:

„Кога го напуштате семејството, вие ја губите својата личност. Тоа повеќе не сте вие. Сметате дека со друга жена ќе добиете подобар живот, но тоа е само почеток на љубовна афера. Животот секаде е ист. Во денешно време, стана модерно да се има друга жена, љубовница.

Со досегашната жена, сè ви стана монотоно и здодевно. Со новата не сте одгледувале деца, не сте чувале деца, не сте ги преслекувале, не сте ги воделе во градинка. Поради тоа, мислите дека со новата жена само ќе уживате во љубовта и во романсата. Сметате дека нема да имате класичен живот.

Меѓутоа, тоа никако не е возможно. Сечиј однос кога-тогаш ќе се претвори во стандарден секојдневен живот. Повторно ќе се најдете во ситуацијата од која штотуку сте побегнале. Психолозите советуваат добро да размислите. Заштитете го тоа што го имате. Ако имате проблеми со сопругата, најдете начин да ги решите, поразговарајте како возрасни луѓе.

Сигурно постои компромис. Доколку добиете желба за нова авантура, зауздајте ја таа желба, бидејќи тоа е краткотрајно. Среќата и љубовта се покрај вас, само треба добро да ги согледате. Според некој редослед, прво доаѓа до вљубување, потоа до отфрлање, а на крај до разбирање и вистинска љубов.

Во бракот, потребна е борба. Борба од двете страни. Кога по кризата ќе дојдете до компромис, нема да можете да го препознаете бракот. Сакајте се поради тоа што сте, а од љубов станете најубавото нешто што можете да бидете.“

Тактика која спречува конфликт во брак: Ги смирува двете страни и гарантира мир!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.