12 години се зборува дека таа му е љубовница на Владимир Путин: По 2 години првпат се појавила СЕГА! Еве како изгледа!

Алина како вечна енигма

Кога освоила злато на Олимписките игри, токму тогаш му паднала в очи на Владимир Путин

Алина Кабајева пред неколку дена првпат по речиси две и пол години се појавила во јавност и тоа на национална телевизија, за да ги критикува судии на Олимписките игри во Токио.

Руската гимнастичарка и освојувачка на златни олимписки медали, Алина Кабајева (37), се повлекла од јавниот живот кога во 2018 година почнало да се шушка дека чека близнаци од рускиот претседател Владимир Путин (68). Поранешната гимнастичарка била во здружението на Путин „Единствена Русија“, но работела и како директорка на компанијата National Media Group.

Врската со рускиот претседател наводно ја започнала пред 12 години.

Алина пред неколку дена, првпат по речиси две и пол години, се појавила во јавност и тоа на национална телевизија за јавно да ги критикува судиите на Олимписките игри во Токио.

Поранешната гимнастичарка била разочарана затоа што руската гимнастичарска ѕвезда Дина Аверина не освоила златен медал.

При нејзиното појавување на телевизија, многу гледачи го забележале прстенот на рака што повторно ги покренал озборувањата дека се омажила. Нејзиниот приватен живот важи за една од најголемите тајни.

Алина и во минатото ја гледале со венчален прстен, но никогаш не се дознало дали поранешната гимнастичарка навистина е во брак или не.

Да се потсетиме, Кабајева во 2000 година на Олимпијадата во Сиднеј освоила бронзен медал во гимнастика, па златен медал во Атина четири години подоцна, каде што многумина мислат дека му паднала в очи на рускиот претседател Путин.

Се пензионирала во 2005 година, па поминала осум години во рускиот парламент. За љубовната врска помеѓу Путин и Алина медиумите почнале да пишуваат во 2008 година. Се претпоставувало и дека токму нивната афера е причината за разводот на Владимир Путин.

Некои весници објавиле дури и дека Путин се свршил со Алина. Но еден повик променил сè: сопственикот на весници, олигархот и милијардер Александар Лебедев, набрзо ја повлекол приказната и ги затворил весниците. Озборувањата отишле подалеку, па се појавила приказна и за синот што Алина го добила со Путин, а наводно во 2013 година добиле уште едно дете.

Од канцеларијата на Путин ја негираат секоја поврзаност на претседателот со Алина.

Пред наводната врска со Путин, Кабајева била свршена со политичарот Давид Муселиани, но ја прекинале свршувачката пред да застанат пред олтар.

Ирина Шајк во кревет со Путин! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.