Тенки лепчиња од тавче по старински рецепт: Повкусни не постојат!

Прекрасни лепчиња!

ФОТО: Shutterstock

Одлична замена за леб

Домашните лепчиња се одлична замена за леб, а можете да ги јадете и во солена и во слатка варијанта. Се приготвуваат многу лесно, а сигурни сме дека откако ќе ги пробате, често ќе се наоѓаат на вашата трпеза.

Состојки:
  • 400 г брашно
  • 80 г путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 2,5 дл топла вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за печиво
Приготвување:

1. Измешајте брашно, прашок за печиво, малку сол и шеќер, па сето тоа измешајте го.

2. Додајте путер исечкан на помали коцки, па месете го рачно додека не се издроби.

3. Сипете вода и месете тесто додека не се соединат сите состојки.

4. Измесеното тесто покријте го со крпа и оставете го на собна температура еден час да се одмори.

5. Премесете го отстоеното тесто па формирајте топчиња. Наросете брашно на работна површина, па секое топче расукајте го со сукало во големина на голема чинија.

6. Печете ги лепчињата на тефлонско тавче по 3 минути од двете страни.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.