Морала да оди на терапија заедно со ќерка и’: Џесика Алба се одлучила на драстичен чекор!

Храбро!

Актерката истакнала дека има поинакви сфаќања од оние на нејзините родители

Холивудската актерка Џесика Алба признала дека веќе подолго време оди на терапија со ќерка и’ Онор, со цел да ја подобрат меѓусебната комуникација.

Таа признала дека нејзиното родителство се разликува од начинот на кој таа била воспитувана. Нејзината основна желба кога одлучила да оди на терапија била да научи да биде подобра мајка и подобро да комуницира со ќерка и’, што и не било најдоброто решение кога таа била девојче.

„Некои луѓе, како и некои во моето семејство, мислат дека треба да разговараш со свештеник и тоа е тоа. Не можам да се чувствувам опуштено ако зборувам со него за моите чувства. Не пораснав во околина каде што можеш да разговараш за тие работи. Едноставно заборававме на проблемот и продолжувавме понатаму со животот, така што јас наоѓам голема инспирација само во разговорот со моите деца“, изјавила актерката.

https://www.instagram.com/p/BxYOM5TFXGU/?utm_source=ig_embed

Мајката на три деца и нејзиниот сопруг Кеш Ворен имаат цел да остварат добра комуникација со нивните ќерки.

„Јас едноставно не сум емоционално подготвена за тинејџерскиот период или за што било друго, како што се хормоните и првата љубов“, признала актерката во емисијата на Џими Фалон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.