7 златни бјути правила за жените во 40-тите: Вака ќе изгледате и до 10 години помладо и посвежо!

Совети за нега

Со правилен избор на производи и нанесување шминка, вашето лице ќе изгледа ќе изгледа посвежо и помладо одошто навистина е

Кога жената ќе загази во 40-тите години, се менува изгледот на кожата, па затоа потребна е поинаква нега од таа во 30-тите.

Кожата станува сува, брчките доаѓаат до израз, тонусот на лицето попушта, а сите тие промени се поврзани со загубата на колаген и еластичност.

Но со неколку едноставни трикови, вашето лице може да изгледа помладо и поодморено.

1. Добар прајмер – ДА

Хидратантниот прајмер е идеален, бидејќи на зрелата кожа и’ треба дополнителна влага и здрава хидратација.

Шминка без претходна хидратација – НИКАКО

Нанесете подлога пред шминката или крем што ја хидрира кожата, односно производ што ќе ја нахрани и смири.

2. Пудра – ДА

Ако одберете соодветна пудра, може да ги скриете годините. Одбегнувајте тешки и густи пудри што се собираат во порите и брчките и одбирајте пофлуидни.

Исто така,  пудрата треба да биде соодветна за посува кожа, односно да има хидратантни својства. Рамномерно нанесувајте ја на кожата, бидејќи така нема да ги нагласите неправилностите.

Дебел слој пудра – НИКАКО

Дали сте знаеле дека кожата избледува со текот на годините? Можете да ја вратите бојата, ако одберете потопол тон на пудра или ја измешајте вашата нијанса со потемна.

Тајната е во блендирањето, бидејќи беспрекорната база нема остри рабови. Предебелиот слој пудра може да направи да изгледате постаро. Затоа, секогаш водете се по паролата „помалку е повеќе“!

3. Коректор – ДА

Добриот коректор е клучен за покривање на темните кругови и дамки. Кожата околу очите станува изразено сува кога ќе прејдете во 40-тите, па најдобро е да бирате течен коректор.

Коректор под надворешниот агол на окото –НЕ

Немојте да го нанесувате на брчките, туку само на подрачјето под внатрешниот дел на окото, односно кон половината на подочниците. На тој начин нема да привлечете внимание на брчките.

4. Руменило – ДА

Руменилото му дава блескав сјај и здрава боја на лицето. Одбегнувајте ладни нијанси. Бојата на праска и нежните розови се одличен избор за сите тонови на кожа, а може да ги нанесете и во текот на денот и навечер. Имајте на ум дека прескокнувањето на руменилото прави жената да изгледа постаро.

Руменило прениско на образите – НИКАКО

Пробајте да не нанесувате руменило ниско на образите. Идеално е да го ставате на врвот на јагодиците, а потоа да го развлечете по образот. Додајте руменило и на врвот на носот, за лицето да ви биде убаво дефинирано.

5. Моливче за веѓи – ДА

Ако сакате да ги истакнете очите, мора да обрнете внимание и на веѓите. Како што старееме, нашите веѓи ја губат густината, но и формата, а се појавува и по некое седо влакно. Пополните веѓи даваат младешки изглед, па затоа моливчето е клучно за пополнување на обликот.

Претерување со бојата – НЕ

Заборавете на пинцетата и вложете во серум за раст на веѓите. Исполнете ги веѓите со нежни потези за да добиете впечаток дека се густи и рамномерно распоредени. Внимавајте да не претерате за да не личите на лик од цртан филм.

6. Туш, сенка и маскара – ДА

Правилното шминкање може ви даде помладешки изглед и да ви ги намали годините. Ако секогаш изгледате уморно, без разлика колку часови спиете, употребете двојна доза коректор и тоа во нијанса со жолт подтон. Потоа, одберете топли и мат тонови на сенка кои ќе ви дадат одморен изглед.

Добриот туш за очи, нанесен поблиску до трепките, помага да создадете илузија на подебела и потемна линија на трепки. Вистинската маскара ќе ви ги дефинира и ќе им даде длабочина на вашите очи.

Ладни тонови и светки – НЕ

Одбегнувајте светкави сенки и ладни тонови на кафеава и сива боја, бидејќи тие ќе направат вашите очи да изгледаат поуморно.

7. Кармин – ДА

Карминот е најдобриот начин да ја заокружите вашата шминка. Истријте ги усните или направете пилинг за да ја отстраните мртвата кожа.

Нанесете балсам и оставете го да се впие, а потоа избришете го вишокот. Исцртајте линии со моливче за усни во бојата на карминот, па нанесете кармин во еден слој.

Неутрални нијанси – НЕ

Немојте да се плашите од појаки бои, бидејќи тоа што сте влегле во 40-тите години не значи дека мора да се држите само до неутрални нијанси.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.