Замрзнат лимон: Природен лек во борбата против висок крвен притисок, отрови и стрес!

Со лимон до добро здравје

Лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок од лимон

Ново научно истражување докажало дека лимоноидите, природните соединенија присутни во лимонот превентивно и значително го спречуваат развојот на клетките на рак, особено на рак на дојка.

Научниците нагласуваат дека ништо од лимонот не треба да се фрла, ниту плодот, семките, а особено не кората.

Покрај антиканцерогеното дејство, целиот лимон му помага на телото да се ослободи од отровите, има антимикробно дејство против бактериските инфекции и габи, ефикасен е против интерните паразити и црви, го регулира крвниот притисок, дејствува како антидепресив и одличен е во борбата против стрес и нервни нарушувања.

Покрај во здравствените придобивки, на следниот начин ќе уживате и во вкусот на лимонот, особено во лимоновата кора.

Земете непрскан лимон, добро измијте го и ставете го во замрзнувач. Лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок од лимон. Може да ставите цел лимон, а можете и да го исечете на резанки. Откако добро ќе го замрзнете лимонот, извадете го и изрендајте го.

Потоа, можете да го наросите на салата, сладолед, супи, житарки, тестенини или во омилениот пијалак.

Ќе добиете сосема нов вкус, во кој ќе уживате, а телото ќе ви биде благодарно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.