Сочен колач прелиен со чоколадо: Засладете си го денот со овој вкусен десерт!

Прекрасен десерт!

Овој колач сигурно ќе ги воодушеви сите ваши гости и домашни

Состојки:
  • 4 јајца
  • 250 грама брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 грама сечкани ореви
  • 200 грама кисела павлака
  • 100 милилитри масло
  • 250 грама чоколадо за готвење
  • 100 милилитри млеко
  • 100 грама шеќер
  • 3 лажици масло

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додајте брашно со прашок за печиво, сечкани ореви, павлака, масло и 100 грама стопено чоколадо.

Сето тоа добро измешајте го и налејте го во плех со големина 30х20, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Печете на 200 степени околу 5 минути. Исечете го колачот на коцки.

Стопете го чоколадото со млекото, додајте 2-3 лажици масло и измешајте.

Исечениот колач прелејте го со чоколадо и протресете го за чоколадото да влезе во пресечениот дел.

Послужете го колачот ладен.

Уживајте во овој вкусен десерт!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.