Стапчиња од целер полнети со козјо сирење – ќе ги воодушеват вашите пријателки!

Превкусно

Бидејќи имаат низок гликемиски индекс и висока содржина на влакна, стапчињата од целер се препорачуваат за секој што мора да внимава на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата сугерираат дека стапчињата од целер, исто така, може да бидат корисни за намалување на нивото на гликоза во крвта.

Нешто од што повеќето мои пријатели се воодушевени кога ќе го пробаат – стапчиња од целер полнети со козјо сирење. Тие се одлична опција за грицкање во текот на попладневното дружење или како дел од здрава шветска маса“, објаснува Тамара Горшек Бобанац, авторка на блогот Mango & Coco.

Ви го претставуваме нејзиниот рецепт. За да направите 14-16 од овие вкусни залчиња, потребно ви е:

• 6 стебленца целер
• 200 г козјо сирење
• 20 г свеж или сув млад лук
• малку црвен пипер во прав

Приготвување:

Измијте ги и исушете ги стебленцата од целер, а потоа исечете ги на три дела. Измикрирајте го козјото сирење со стапчест миксер и потоа едноставно наполнете го секое стебленце со овој крем, а потоа посипете со ситно исечкан млад лук и малку црвен пипер во прав.

Лесно е да се направи, и има толку софистициран вкус!


 

Текст и фото: Lepota i zdravlje.rs

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.