Салата со говедска пршута и похувано козјо сиренце

Вкусно предјадење!

Пробајте ја и ќе го почувствувате вкусот на Италија!

Состојки: 80 г марула, 80 г рукола, 30 г морков, 50 г јаболко, 50 г круша, 30 г телешка пршута, балсамико-крем, 80 г козјо сирење, 20 г брашно, 20 г лебни трошки, 1 јајце, маслиново масло

Приготвување:

1 Ги миеме и ги сечкаме марулата и руколата, па ги ставаме во пластичен сад.

2 Морковот го рендаме на најситно ренде, а јаболкото и крушата ги сечкаме на ситни коцкички.

3 Ги додаваме во пластичниот сад со марулата и руколата. Зачинуваме со маслиново масло.

4 Козјото сирење го сечкаме на коцки, секоја коцкичка посебно ја валаме во брашно, јајца, па во лебни трошки и ја пржиме во врело масло.

5 Салатата ја сервираме во чинија. Одозгора го редиме козјото сирење. На крајот ја додаваме телешката пршута и зачинуваме со балсамико-крем.

Добар апетит!

Текст: Добра храна

Фото: Александар Велов

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.