Вкусна и заситувачка оброк-салата од велигденски јајца и компири

Колку и да ви е тешко да се одделите од вашите убаво вапцани велигденски јајца, ако не побрзате да ги изедете, тие набрзо ќе почнат да се расипуваат на повисоките пролетни температури. Затоа побрзајте да го пробате овој вкусен оброк-салата, кој ќе го правите често и со задоволство.

Потребни состојки:

2 средни компири
2 јајца
100 грама кашкавал
100 грама фета сирење
1 кесичка мајонез
5 кисели краставички
5 маслинки
магдонос по желба
сол и бибер по вкус

Подготовка:

Компирите сварете ги со кората, па оставете да се изладат. Потоа излупете ги и изрендајте ги.

Истурете мајонез, па изрендајте го кашкавалот и потоа фета сирењето. Додадете сол, бибер и рендани јајца. Додадете го магдоносот. Сè внимателно измешајте и одозгора наредете ги киселите краставички и маслинките исечкани на тенки прстени.

Можете да додадете ситно сечкана пиперка, млад кромид и билки по вкус.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.