Салата со пилешко и ананас: Спој на вкусови што ќе ве остават без текст!

И тоа за само 15 минути!

Пилешкото месо е одличен извор на протеини. Богато е со аминокиселини кои го градат мускулното и коскеното ткиво. Затоа, ги зајакнува нашите мускули, а тоа е особено важно во периодот на раст и развој (предадолесценција и адолесценција).

Покрај тоа, истражувањата покажаа дека исхраната богата со протеини помага да се одржи здрава телесна тежина и да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Тоа е доволна причина, ако не сте веган или вегетаријанец, пилешкото месо да е чест гостин на вашето мени. Затоа денес одлучивме да ви претставиме необичен, и многу вкусен и здрав оброк.

Салата со пилешко и ананас

Време заприготвување: 15 минути
За 4 лица
Калории по порција: 457 kcal

Состојки:

2 шолји исечкано бело месо (претходно пропржено во малку маслиново масло)
1/2 шолја сечкан ананас (исто така може и од конзерва, но не треба да е дополнително засладен)
1/3 шолја пржени бадеми
1/2 шолја сечкан млад целер
2 лажици сечкан црвен кромид
1/4 шолја мајонез
2 лажици кисела павлака
1 лажица мед
1 лажица сенф
1 лажица сок од лимон
сол, црн пипер по вкус

Приготвување:

Во голем сад измешајте ги исечканото пилешко мевце, ананасот, бадемите, целерот и виолетовиот кромид.
Во мал сад измешајте мајонез, сенф, павлака, мед и сок од лимон. Посолете и побиберете по вкус и добро измешајте да се соединат состојките.
Послужете ги пилешкото, ананасот и целерот на чинија и прелијте со приготвениот сос.
И тоа е тоа! Добар апетит!

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.