РАСПОЛОЖЕНИ ЗА БРАНЧ? Пробајте топла салата со фета-сирење

Превкусна

Доцен појадок или ран ручек? Резервиран за викендите, поточно за недела, бранч се служи од средина на утрото до попладне и најчесто претставува комбинација од едноставни и софистицирани јадења. Но земајќи предвид дека денес е празник и неработен ден, дали сте за бранч? Ако сте, го имаме идеалниот рецепт за вас!

Состојки: 50 г тиквички, 50 г модар патлиџан, 50 г пиперки, 40 г морков, 40 г шампињони, 30 г шери-домати, 30 г виолетов кромид, 40 г фета-сирење, сос од балсамиран оцет.

Приготвување: исечкајте го претходно измиениот и исушен зеленчук на ситни парчиња. Пржете го во претходно загреана тава. Пред крајот, зачинете го со масло со лукче, посолете, наросете со црн пипер и додајте сос од балсамиран оцет. Сервирајте во чинија и одозгора распоредете коцкички фета-сирење.

Иако овој оброк се појави во Америка, всушност станува збор за британска иновација: во 1895 година, писателот Гај Берингер наслови еден свој новинарски текст со „Бранч“.

Наместо работниот неделен ручек и тешките оброци по враќањето од црква, тој предложи нов оброк што ќе се сервира напладне: се почнува со кафе или со чај, мармалад и со други јадења што се јадат за појадок и постепено се преминува на потешки јадења.

Текст: Добра храна

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.