Како се прави детокс-сок од целер? Вака!

Рецепт

Факт е дека сите полудеа по оваа зелена напивка откако на социјалните мрежи го промовира Антони Вилием, познат како „медицински медиум“ (прочитајте ја неговата книга „Спасување на црниот дроб“).

Целерот е ефикасно природно средство за детоксикација на органите, а ако немате пробано сок од оваа зачинска билка, правец во кујна!

Еве рецепт во кој, покрај целерот, додадовме уште неколку состојки за подобар вкус на вашата напивка (покрај здравиот ефект).

Потребни состојки (за 1 лице): 300 г целер, 1 големо зелено јаболко, ½ лимон, 2 см корен од ѓумбир.

Приготвување: исцедете ги сите состојки во соковник или иситнете ги во блендер и консумирајте веднаш!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.