Леб со семки: Идеален за појадок

Уверете се сами!

Разубавете си го утрото со ова вкусно печиво, кое ќе си го приготвите сами! Добар апетит!

Потребни состојки:

500 г интегрално брашно
250 г ‘ржано брашно
250 г бело пченично брашно
2 лажички сол
1 коцка свеж квасец
500 мл топла вода
3 супени лажици ленено семе
3 лажици сусам
3 лажици семки од сончоглед
1 јајце

Приготвување:
Издробете го квасецот во малку топла вода. Додајте две лажички брашно, промешајте и оставете да нарасне.

Помешајте ги сите видови брашно, додајте сол, малку семки, квасец и вода, па замесете тесто.

Оставете го да стаса и добро премесете го.

Префрлете го измесениот леб во подмачкан долгнавест плех, премачкајте го со изматено јајце, посипете го со остатокот од семките и печете околу еден час на 180 степени.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.