Совршено крцкава и вкусна: Оваа прелиена пита со месо ќе ве остави без зборови!

Предјадења

Прелеаната пита можете да ја оставите во текот на ноќта во фрижидер и да ја печете следниот ден

Состојки:
  • 500 г тенки кори за пита
  • 500 г мешано мелено месо
  • 250 г младо сирење
  • 2 главици кромид
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче црн пипер

За преливот:

  • 4 јајца
  • 1 шолјичка кисела павлака со 6% млечна маст
  • 200 мл минерална вода
  • 10 г прашок за печиво
  • 50 мл масло
  • 1/2 лажиче сол

Приготвување:

1. Кромидот се лупи и се пржи на малку масло. Се додава меленото месо и се пржи додека ја промени бојата. Се додаваат сол и црн пипер по вкус.

2. Се намрсува плех со средна големина, а потоа дното се прекрива со кора за пита, ако е кората поголем од садот, малку се преклопува и се попрскува со масло. Се нанесува друга кора, а потоа се премачкува со малку од филот од месо и се посипува со малку исечкано младо сирење. Постапката на полнења се повторува додека се потроши материјалот, се завршува со две кори за пита.

3. Преливот се приготвува посебно – се матат јајцата, киселото млеко, маслото, прашокот за печиво и малку сол.

4. Полнетата пита се сечка на коцки во големина по желба и се прелева со смесата од јајца. С остава да отстои десет минути, за да ја впијат корите потребната течност.

5. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека зарумени кората.

Извор: Добра храна

Мирисот и вкусот на традицијата: Пробајте компируша со праз!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.