Мирисот и вкусот на традицијата: Пробајте компируша со праз!

Предјадења

Вкусно предјадење што постојано ќе го приготвувате

Состојки:
  • 400 г тенки кори за пита
  • 450 г праз
  • 5 бели компири со средна големина
  • 4 јајца
  • 200 г кисела павлака
  • 150 мл минерална вода
  • 5 г прашок за печиво
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Компирот се мие и сосе лушпата се вари во вода да омекне. Потоа се цеди од вишокот течност и се остава да се олади, а потоа се лупи и се сечка на коцки.

2. Празот се лупи и се сечка на коцки, а потоа се пржи на масло да омекне. Се додаваат исечканите компири, солта и црниот пипер.

3. Се зема кора за пита и се става на работната масичка. Се попрскува со масло и се распоредува малку од филот од компир и праз. Нежно се набира и се витка во круг.

4. Се намрсува тркалезен плех, со димензии 30 см, а потоа во средината се става свитканата кора На истиот начин се полнат и преостанатите кори и се мотаат околу завитканата кора во плехот, да се исполни површината и да се употреби материјалот.

5. Преливот се приготвува посебно. Се матат јајцата, киселата павлака, прашокот за печиво и минералната вода. Смесата се прелева преку корите во тавата. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека зарумени питата.

Извор: Добра храна

Крцкави и диетални: Овие интегрални кајзерици се одлични за појадок или вечера!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.