Крцкави и диетални: Овие интегрални кајзерици се одлични за појадок или вечера!

Предјадења

Традиционален рецепт на модерен начин

Состојки:
  • 170 г пирово брашно
  • 100 г ’ржано брашно
  • 1 големо јајце
  • 80 мл масло
  • 150 мл јогурт
  • 10 г прашок за печиво
  • 1 лажиче сол
  • сусам

Приготвување:

1. Се комбинираат пировото и ’ржаното брашно во сад, а потоа се додава прашокот за печиво и се меша.

2. Одделно се комбинираат јајцето, маслото и јогуртот, а потоа полека се матат со жица. Во смесата од сувите состојки се додаваат течните состојки и рачно се меси тесто.

3. Замесеното тесто се дели на 12 топчиња, така што секое ќе тежи по 45 грама.

4. Тепсијата се обложува со хартија за печење. Обликуваните топчиња нежно се израмнуваат и од едната страна се валаат во сусам. Се редат во тепсија, со страната со сусамот нагоре.

5. Се печат во загреана рерна на 180°Ц, околу 30 минути, додека порумени дното на кајзериците. Се послужуваат топли кајзерици со кајмак или некој друг вид мачканица по желба.

Извор: Добра храна

Неодоливи залачиња: Пригответе ружички со мелено месо
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.