Рецепт за домашен шампон од познат фризер: Длабински чисти, хидрира и ја обновува оштетената коса!

Вреди да се проба

Британски фризер се колне во моќта на овој домашен шампон

Познатиот британски фризер Ози Ризо открил рецепт за едноставен и евтин домашен шампон кој ќе ја прероди вашата коса. Тој тврди дека со редовна употреба на овој шампон може да ги отстраните вишокот маснотии, но и да го обновите влакното и да ѝ го вратите сјајот на косата.

„Содата бикарбона ја чисти косата така што заштитниот себум го претвора во сапуница, ги отстранува сите остатоци од производите на влакното и ја детоксицира кожата на главата и косата. Оваа состојка ќе ги отстрани вишокот маснотии и нечистотии од косата, а благодарение на абразивната текстура дејствува како пилинг на кожата на главата, ѝ ја враќа мекоста и сјајот на косата и го елиминира непријатниот мирис“, тврди фризерот.

Потребни состојки:
  • кесичка сода бикарбона
  • вода
  • празно шишенце шампон
  • јаболков оцет
  • есенцијално масло
Приготвување:

Измешајте лажица сода бикарбона со чаша вода и по желба додајте некое есенцијално масло.

Нанесете го шампонот на косата, втријте го во темето и оставете го неколку минути да дејствува. Потоа, измијте го.

Завршете го миењето на косата така што ќе ја измиете косата со мешавина од вода и јаболков оцет во сооднос 4:1, бидејќи така ќе го вратите балансот на pH-вредноста и косата ќе добие сјај.

Фризерот напоменува дека шампонот не е погоден за луѓе со чувствително теме или со премногу сува коса.

Шампоните што ја содржат оваа состојка може да предизвикаат сувост и опаѓање на бојата на косата
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.