Неодоливи залачиња: Пригответе ружички со мелено месо

Добра храна

Пробајте го ова вкусно предјадење

Состојки:
  • 500 г лиснато тесто
  • 300 г мелено месо
  • 1 помала главица црвен кромид
  • пипер
  • сол
  • магдонос
  • 1 јајце за премачкување

Приготвување:

1. Лиснатото тесто се сука во правоаголна кора, па се сече на 7 ленти широки 6 см.

2. Кромидот се сечка на ситни коцки. Во тава се става малку масло и се загрева, па во него се пржи кромидот додека се зарумени. Потоа се додаваат меленото месо и малку вода и се динста десетина минути. Се додаваат сол и пипер по вкус. Филот се остава настрана да се олади.

3. На средината на секоја лента, по целата должина, се распоредува приготвениот фил од месо. Потоа рабовите на лентите надолжно се спојуваат на неколку сантиметри, така што наизменично се гледаат тестото и филот. Потоа секоја лента се витка во круг, обликувајќи ружа, а рабовите се подвиткуваат под тестото.

4. Тепсијата се обложува со хартија за печење, па во неа внимателно се ставаат приготвените ружички. Се премачкуваат со изматено јајце.

5. Се печат на 200°Ц, околу 20 минути, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Однадвор крцкави а однатре сочни: Пробајте ги овие превкусни полжавчиња со ајвар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.