Однадвор крцкави а однатре сочни: Пробајте ги овие превкусни полжавчиња со ајвар!

Добра храна

Израдувајте ги домашните со овие полжавчиња

Состојки:
  • 300 г интегрално пченично брашно
  • 1 рамно лажиче сол
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • околу 200 мл кисело млеко или минерална вода
  • 50 г стопен путер
  • 4 лажици ајвар
  • 100 г рендано сирење
  • малку бибер, чили и други зачини по желба

Приготвување:

1. Во сад се мешаат брашното, солта и прашокот за печиво. Се додаваат стопениот путер и киселото млеко. Со рака се замесува мазно тесто.

2. Работната масичка се набрашнува, па тестото се сука во правоаголна кора. Се премачкува со ајварот и се посипува со ренданото сирење и со зачини по желба.

3. Полнетото тесто по должина се витка во ролат дополу од едната страна и дополу од другата, така што ќе се спојат на средината. Приготвениот ролат се сече на резанки со ширина од 1 см.

4. Плехот се обложува со хартија за печење, па во него внимателно се ставаат приготвените полжавчиња.

5. Се печат во загреана рерна на 200°Ц, околу 20 минути, додека заруменат.

Извор: Добра храна

Ќе ве воодушеви: Украсете ја трпезата со вкусна цветна фокача!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.