Ќе ве воодушеви: Украсете ја трпезата со вкусна цветна фокача!

Добра храна

Оваа фокача може да ви послужи вкусно предјадење, појадок или вечера

Состојки:
  • 450 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 20 г свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 75 мл маслиново масло
  • околу 200 мл вода
  • зеленчук за декорација по желба (магдонос или власец, кромид, маслинки, шери домати, пиперки и сл.)

Приготвување:

1. Се разматува квасецот во малку топла вода со лажиче шеќер и екстра бело брашно топ 400 на „Жито лукс“. Се остава на топло да нарасне.

2. Се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и солта, се додаваат приготвениот квасец, маслото и преостанатата млака вода. Со рака се замесува мазно тесто. По потреба се додава уште малку екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“ или вода. Се прекрива со крпа и се остава да одмора половина час. Потоа се премесува, па се остава уште половина час.

3. Магдоносот се мие и се суши. Кромидот и маслинките се сечкаат на крукчиња, пиперките на лентички, шери доматите наполу.

4. По одморањето, тестото се сука во правоаголна кора. Плехот се обложува со хартија за печење, па во него се става тестото и се премачкува со масло. Одгоре се распоредува приготвениот зеленчук. Се остава да одмори додека се загрее рерната.

5. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 30 минути.

Извор: Добра храна

Не сте пробале повкусно јадење: Фокача со тиквички
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.