Ерогена зона која никогаш не смеете да ја заборавите

Можеби ќе треба да ги скриете брадавиците на социјалните мрежи, но нема причина да го сторите истото во спалната соба со овие центри за задоволство исполнети со нервни завршетоци.

Со дури 800 нервни завршетоци, брадавиците се ерогена зона што не треба да се потценува бидејќи може да донесе огромно задоволство. „Ткивото на брадавицата е еректилно ткиво само по себе“, открива Лиса Фин, сексуална едукаторка. Ова значи дека тие се направени од исто ткиво како клиторисот или пенисот. „Кога брадавиците се стимулираат, тие се полнат со крв, се исправаат и во случај на многумина стануваат многу чувствителни“, додава таа.

Факт е дека за многумина стимулацијата на брадавиците е патот што води кон кулминација (тука е и таканаречениот „оргазам на брадавиците“), а сепак – има и такви кои не сакаат да ги променат своите сексуални навики и им е тешко да одлучат да ја променат рутината. Сепак, експериментирањето со оваа ерогена зона може да открие сосема нов свет и да ја истражите областа на градите со овие неколку совети.

– Стимулирајте ги градите, особено брадавиците, со целата површина на дланката, со широки движења на дланките.
– Предложете му на вашиот партнер да ја истражува вашата област со усните. Нека проба различни техники за да открие што е тоа што ви одговара.
– Користете лубрикант за да уживате во нежно стискање, извртување и триење – сето тоа ќе ви донесе огромно задоволство.
– Пробајте и специјално дизајнирани прстени за брадавици. Користењето на нив ќе ви овозможи дополнително уживање, а рацете на вашиот партнер ќе останат слободни.
– Играјте со температурата на вашето тело. А коцките мраз или омекнат восок можат да бидат одличен стимулатор што ќе ве доведе до оргазам.
– Размислете за пирсинг. Допирање метал на нежна кожа може значително да ја зголеми чувствителноста на вашите гради.

Стимулација на брадавиците – испробајте нови работи

Без разлика дали градите стануваат ваша омилена ерогена зона или заклучите дека стимулацијата на брадавиците е нешто што не ви одговара, едно е сигурно – подобро ќе го запознаете вашето тело. И кога ќе го запознаете, пред вас е патот што води кон блаженство!

Прочитајте и: 3 прашања за луѓе кои сметаат дека немаат доволно секс

 

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.