Оживејте ја сувата кожа: Ефективен домашен пилинг

Времето што го поминуваме во нашите домови е идеално за да се забавуваме со негата со природните препарати од состојки што секој од нас сигурно ги има во своите кујнски ормари. Овој пат тоа е пилинг за лице…

Пилингот за лице игра важна улога во прекрасниот изглед на кожата, бидејќи ги отстранува сите нечистотии од кожата, правејќи ја здрава, еластична и младешка. Овој пат издвоивме два што можат да ви помогнат доколку имате проблем со сува кожа.

Пилинг со кафе

Талогот од кафе е многу ефикасен на сува кожа. Ова е наједноставниот домашен пилинг за лице за сува кожа. Може да мелете зрна кафе, а уште попрактична опција е да ги користите остатоците од талогот од утринско кафе.

Подготовка: Добро измешајте една лажица кафе со една лажица вода. Нанесете ја смесата на лицето со кружни движења. Оставете да отстои до 5 минути и потоа исплакнете. Ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата и ќе ја остави свежа и чиста.

Пилинг со кокосово масло и лимон

Пилинг на база на масло одговара на сува кожа, а лимонот ќе ја направи екстра мека.

Подготовка: Треба да додадете 2 лажички шеќер на половина чаша кокосово масло и сè добро измешајте. Потоа додадете 1 лажица сок од лимон во оваа мешавина. Пред да нанесете, измијте го лицето и истријте го со подготвената смеса.

Прочитајте и: Запомнете: Ноќната нега за кожата е неопходна за здрав и одморен изглед наутро

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.